Охриѓани и гостите на 28-ми јули, четврток, на плажата „Потпеш“ ќе имаат убава можност да уживаат во звуците на македонската народна музика, во изведба на еден од најдобрите машки вокали кај нас, Миле Кузманоски. Во неповторливиот амбиент на Канео, тој ќе ги отпее најубавите народи песни.

Евергрин вечерта со Миле Кузманоски на плажата „Потпеш“ започнува во 21 часот. Информации и резервации на тел. 071 231 022.

Од Потпеш подготвуваат уште едно изненадување за посетителите. На 3-ти август конерт на оваа плажа ќе одржи познатиот етно бенд „Синтезис“.

Повеќе информации за овој и другите забавни настани во Охрид може да најдете во рубриката „Што, Кога, Каде“ на најпосетуваниот интернет портал “www.ohridnews.com”.

OhridNews