Недостатокот од сон го зголемува ризикот за развој на кардиоваскуларни болести, а нова студија можеби објаснува и зошто, научниците откриле дека недостатокот на сон има лошо влијание врз нивото на “добриот“ холестерол во крвта.
Холестеролот е еден од оние “тивки убијци“ на кои не обрнуваме доволно внимание, токму како и на стресот.Но, ако мислите дека единствениот проблем е масната храна, грешите, бидејќи нивото на добриот холестерол се намалува и со недостаток на сон.
Стручно кажано липопротеините со висока густина (HDL) познати и како добар холестерол се одговорни за отстранување на липопротеините со ниска густина (LDL), односно лошиот холестерол од артериите.
LDL холестеролот придонесува за артеросклероза, создавање на наслаги на артериите кои го зголемуваат ризикот за срцев и мозочен удар, па HDL холестеролот е важен за заштитата на срцето.
Фински научници тврдат дека наодите од двете студии сугерираат дека и краток период со недоволно сон може да има лошо влијание врз здравјето и дека со нив можеби се објаснува зошто недостатокот на сон може да предизвика кардиоваскуларни проблеми.
“Експерименталната студија потврди дека само една недела со недостаток на сон е доволна да започне да се менува телесниот метаболизам и имунолошкиот одговор“, изјавила научничка од Финска, додавајќи дека нејзиниот тим со дополнителни студии подетално ќе ја истражува таа врска.
извор:metro-portal.rtl.hr