Норвешкиот град Осло, Цирих во Швајцарија и јапонската престолнина Токио се најскапите метрополи на светот, покажало истражувањето на швајцарската банка УБС. Притоа било утврдено дека граѓаните на Цирих имаат најголема куповна моќ.
Главниот град на Норвешка – Осло
Анализирани биле 122 производи и услуги, без надомест за стан, во72 града во светот. По трите најскапи градови, следуваат Женева, Копенхаген, Њујорк, Луксембург, Стокхолм, Каракас и Лондон. Најевтино се живее во индиските метрополи Њу Делхи и Мумбаи, покажува истражувањето.