Магазинот „Економист“ кој врши рангирање на градовите врз основа на условите за живот, деновиве ја објави топ 10 листата на најдобри места за живеење во светот.

Листата ја предводи австралискиот град Мелбурн, кој има вкупна оценка 97,5 на услови за живот, кои вклучуваат стабилност, здравство, култура и заштита на животната средина, образование и инфраструктура.

Втор на листата е главниот град на Австрија Виена, по која следуваат канадските градови Ванкувер, Торонто и Калгари, Аделаида и Сиднеј – Австралија, Хелсинки – Финска, Перт – Австралија и Окланд – Нов Зеланд.

OhridNews