Време е за викенд опуштање и малку релаксација по напорната работна недела. Еве каде е најдобрата забава овој викенд во Охрид.
По повод Денот на театарот, 27-ми Март, Народниот театар Охрид, вечева, во Центарот за култура „Григор Прличев“, ќе ја изведе хит преставата „Детектор за лаги“. Претставата започнува во 20 часот.
Исто така вечерва (петок), Петар Маркоски настапува во лаунџ бар „Кадмо“. Утревечер на истата локација настапува бендот „Канео“ кој изведува староградска музика.
Во сабота, 28-ми март во Cuba Libre beach & bar настапува познатиот поп изведувач Ѓоко Танески. Истата вечер во Шила настапува бендот „Street Spirit“.
За детали за овие и другите забави во Охрид овој викенд, како и за забавните настани кои секојдневно се случуваат во градот секојдневно може да се информирате во рубриката „ШТО, КОГА, КАДЕ“ на најчитаниот интернет портал во регионот OhridNews.
OhridNews