Патнички авион од компанијата „Сауди Арејбиан ерлајнс“ е евакуиран и бил приземјен шест часа поради тепачка помеѓу пилотот и член на екипажот непосредно пред да полета од Каиро, јавуваат медиумите. Авионот се припремал за полетување од аеродромот во Каиро за Медина во Саудиска Арабија кога кавгата помеѓу капетанот и стјуартот прераснала во тепачка со боксови. Повеќе од 150 патници биле евакуирани од авионот без повреди и биле одведени во транзитниот хол додека обезбедувањето не ги раздвоило учесниците во тепачката.

Стјуартот имал повреди на главата и му била укажана помош на аеродромот. На пилотот му било повредено окото и бил префлен во болница. Шефот на аеродромската полиција изјавил дека тепачката избила кога авионот требало да полета. После тоа 153 патници биле вратени во авионот кој полетал околу шест часа подоцна отколку што требало според возиот ред. Не се знае поради што настанала кавгата и тепачката.