Неколку објекти меѓу кои и зградата во која се сместени МИА, СЕП, ДКСК, Финансовата полиција, Инспекторатот за животна средина, вечерва се евакуирани. На вработените им е кажано веднаш да излезат од објектите.

Испразнети се и зградите на А1, на МНР и соседните објекти во центарот на Скопје. Полицијата не дозволува движење на луѓе и возила кон Мавровка, МНТ и МРТ, а блокирани се и околните улици и крстосници. Забалежливо е зголемено присуство на полицијата и полициски возила.

Според  непотврдени информации, станува збор за дојава за подметнат експлозив.

Полицијата постапува по пријава за напад, откако едно лице се јавило во 16:45 во билетарата на МНТ, информираа за МИА од МВР.

Станува збор за стандардни мерки на МВР после ваква добиена пријава и веднаш штом ги завршиме проверките и веродостојноста на информацијата ќе ја известиме јавноста соодветно. Апелираме граѓаните да останат смирени, а медиумите да ги пренесуваат официјалните и точни информации, наведуваат од МВР. 

OhridNews