Осум деца морале да бидат евакуирани од една болница во Лондон откако на одделот за педијатрија упаднала лисица. Поточно, невнимателниот непоканет гостин пропаднал низ таванот, јавуваат британските медиуми.

Животното најверојатно се качило на покривот додека во болницата биле извршувани некои градежни работи, а бидејќи таванот не бил прцврстен, пропаднала на педијатрискиот оддел. Детскиот оддел бил затворен неколку дена, а болницата сега сигурно ќе ја подобри сигурноста како животните повеќе не би можеле да се „шетаат“ низ нивните простории.