Грчкиот туристички брод Sea Diamond вчера заринка недалеку од островот Санторини во Егејското море со 1500 патници и членови на екипаж, но сите патници се евакуирани без поголеми проблеми, рекоа грчките власти.

Бродот почнал опасно да се навалува откако му е пробиено дното на трупот.
„Нема причина за грижи,никој не е повреден ниту е во било каква опасност“, рекол висок претставник на грчката трговска флота.

Sea Diamond во понеделникот тргнал на петдневно крстарење по грчките острови, а Санторини бил една од попатните станици.

Во настојувањата да ги минимизира штетите по својот туристички углед, Грција одлучила на сопствен трошок да ги смести туристите од хаварисаниот брод во хотелите на Саторини, рекла министерот за туризам Фани Пали – Петралиа.

(hina)

С.К.