Околу 30 шимпанза минатата седмица побегнале од кафезот во зоолошката градина Честер, Северозападна Англија. Кога ги хранеле во строго чуваниот кафез случајно влегле во делот кој не е толку заштитен па чуварите се уплашиле да не побегнат меѓу луѓето. Поради тоа околу 5000 посетители најпрво биле сокриени во зградите на зоолошката, а подоцна биле евакуирани.


Мајмуните биле набргу уловени и вратени во кафезите. Управата на зоолошката градина им се извинила на посетителите и им понудила бесплатни влезници. Зоолошката градина Честер има повеќе од 13 милиони посетители во годината. Се наоѓа меѓу најдобрите 15 зоолошки градини во светот.