Полицијата претпладнево започна евакуација на меѓународниот аеродром во Франкфурт поради закана од можен терористички напад, објави интернет изданието на весникот Билд. Преку системот за звучно информирање сите патници биле упатени веднаш да го напуштат објектот. Првото и второто ниво од терминалот 1 на еден од најфреквентните аеродроми во Европа се евакуирани, пишува весникот.

Подоцна администрацијата на франкфуртскиот аеродром појаснила дека причината за евакуацијата било лице кое ја преминало зоната за безбедносна контрола без да биде проверено.

Аеродромот во Франкфурт на Мајна е четвртиот според големината во Европа.