Екипажот на еден авион поради стаорец евакуирал 205 патници од Боинг 767 кој требало да полета за Лондон. Се створила паника откако еден патник во багажот над седиштето здогледал стаорец. Пилотот на авионската компанија Аир Канада веднаш наредил сите патници да го напуштат авионот за да го уловат стаорецот.
За жал во тоа не успеале, па летот бил откажан, а патниците морале да преноќат во близина на аеродромот во Отава. Минатата година бил приземјен еден австралиски авион откако четири млати питони побегнале од кафезот,а во Њу Јорк откажале лет поради еден глушец кој трчал низ авионот.