Десет дена пред стартот на Европско првенство во ракомет за жени, Црвен крст Охрид во соработка со ЈП “Билјанини извори”, организира показна вежба на евакуација од спортската сала “Билјанини извори”, според евакуационен план и одредено сценарио.
Целта на вежбата беше да ја покаже подготвеноста на субјектите одговорни за безбедноста при одвивање на масовни манифестации во затворени објекти, во случај на инцидентни ситуации навремено и ефикасно да делуваат.
На вежбата учествуваа соодветни тимови на Црвен крст Охрид, СВР Охрид, Царинската управа, противпожарната бригада Охрид, агенција за обезбедување “ Питон ”, Итна медицинска помош и вработени во ЈП ” Билјанини извори “.
M.Постоловски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com