Охриѓанката Ева Нединковска годината 2010 ќе ја заокружи со синглот „Стоп“, кој е комплетно авторско дело на Александар Масевски. Таа вели дека успеале да ги сплотат стиловите на двајцата уметници и добиле енергична и модерна песна со соул – блуз призвукот од 60-тите.

Официјалната промоција на песната беше на Антена 5 радио во неделата на Мак-топ 5 листата, а на почетокот на 2011-та ќе се снима и видео-спот.

Ohridnews