Ева Мендез и нејзиниот избраник, актерот Рајан Гослинг во најголема тајност, минатиот месец, го добија своето второ дете, уште една ќерка. Ева се породи на 29 април во една болница во Санта Моника, а нивната втора ќерка доби име Амада Ли Гослинг. Шпекулациите дека популарната актерка е бремена се појавија само неколку седмици пред нејзиното второ породување.
Тоа значи дека познатиот пар, кој инаку строго ја чува својата приватност далеку од очите на јавноста, успеа да ја сокрие бременоста на Ева како од медиумите, така и од љубопитните погледи на обожавателите. Познатиот пар во септември 2014 година ја доби ќерката Есмералда Амада. Ни кога беше бремена со првото дете парот среќната вест не ја подели со целиот свет. Интересно е дека средното име Амада, сега е прво име на нивната втора ќерка.