Актерката Ева Мендез која има 40 години, наводно е во блажена состојба, а убавата вест, според американските таблоиди, ја открила на вработените од обезбедувањето на аеродром. Ева наводно на аеродромот во Лос Анџелес одбила да мине низ скенер, велејќи дека е бременам и ги замолила припадниците на обезбедувањето да извршат рутинска контрола.
Меѓутоа, актерката ниту ја потврдила ниту ја демантирала веста која ја пренеле медиумите, ниту пак дала одговор на прашањето кој е татко на детето. Таа неодамна ја раскинала долгогодишната врска со колегата Рајан Гослинг. Доколку навистина е бремена ова ќе биде прво дете за неа.