Холивудскиот пар Рајан Гослинг и Ева Мендес станале родители, пренесуваат американските медиуми. Мендес, која е во врска со канадскиот актер од 2011 година наводно во петокот родила ќерка. Парот досега не ја потврдил ниту бременоста, а Ева низ насмевка во јули ги отфрлила пишувањата на медиумите дека е бремена.

Холивудските медиуми, вклучувајќи го и списанието “People”, наведуваат дека актерката сепак се породила минатата седмица. Претставниците на актерите не биле достапни за коментар. Гослинг станал славен со улогата во филмот „The Notebook“ а со Ева Мендес се запознал на снимањето на филмот “The Place Beyond the Pines”.