Американските медиуми пишуваат дека актерскиот пар Ева Мендес и Рајан Гослинг имаат проблеми во врската. Наводно не е во прашање само стрес поради неодамна родената ќеркичка Есмералда, туку дека имаат сериозни проблеми во комуникацијата. Така убавата актерка останала во нивниот дом во Лос Анџелес на породилно, додека познатиот канадски заводник отпатувал на снимањето на новиот филм ‘The Nice Guys’.
Трач списанијата пишуваат дека таа го отфрлила од себе. Не сакала да го следи на снимањето како би го гледал детето. И претходно имале криза во врската кога Ева направила љубоморна сцена откако Гослинг бил повикан од поранешната девојка која му честитала за тоа што станал татко. Дали има вистина во овие наводи ќе дознаеме многу брзо.