Ева Мендес открила дека е опседната со гробишта и дека ја смирува прошетката помеѓу убавите споменици. Актерката рекла дека едно од нејзините омилени места во светот се гробиштата Pere Lachaise во Париз, на кои се закопани Џим Морисон и Оскар Вајлд.


Освен оваа своја необична фасцинираност открила и дека најмногу се плаши од пајаци и дека за време на своите средношколски денови малтретирала двајца свои колеги. Сакала да стане калуѓерка, но се откажала од таа идеја откако дознала дека калуѓерките не земаат плата.