Џебната Венера Ева Лонгорија била главна ѕвезда на црвениот тепих во вториот ден од Канскиот фестивал.
Во класичен бел тесен фустан, кој ја истакнувал нејзината витка фигура, и со фризура со локни како јунак од филмовите од златното време на Холивуд, ѕвездата на штотуку завршената серија „Очајни домаќинки“ долго им позирала на фотографите.
Освен на црвениот тепих, припадниците на „седмата сила“ со будно око го следат секој чекор на заводливата американска актерка со мексиканско потекло.
Сите се воодушевени од нејзиниот изглед, поради што често ја прашуваат како ја одржува витката линија и убавината.
Таа рекла дека во мексиканската култура долгата и убава коса претставува сексипилност, како оружје за масовно уништување. Затоа многу водела сметка за неа.
Не сакала многу да се шминка, а приватно воопшто не се шминката. Навечер на лицето ставала само маска за тен, а преку ден маскара.
Кога излегувала никогаш не ставала црвен кармин, бидејќи и бил премногу нападен.
Сакала понежни нијанси како розе.