Очајната домаќинка Ева уште еднаш ја разгоре фантазијата на машките фанови. Но, не само нивната, туку и на жените ширум светот кои се восхитуваат на нејзината беспрекорна линија. Ева Лонгорија моментално со друштво одмара во сонечевото Мајами, а папараците ја фотографираа на плажа, во минијатурно розе бикини и со шешир на главата. Во Мајами моментално се наоѓа нејзината многубројна женска екипа, бидејќи се работи за моминска забава на една од нејзините пријателки.

 

Во минијатурното бикини Ева ги впиваше последните зраци на сонцето, пред повторно да се врати на пренатрупаниот распоред. Имено, на 7 декември започнува нејзиниот нов проект, со име „Теленовела“, чија прва сезона ќе има 11 епизоди. Со оглед на тоа дека ја обожаваме серијата “Devious Maids”, која исто така ја продуцира Ева, веруваме дека ќе уживаме и во оваа. А кога не е со пријателките или во студио, актерката ужива во друштво на своето момче, Хосе Антонио Бастон, 46-годишен бизнисмен со кој е од крајот на 2013 година.