Ева Лонгорија изјавила дека сите емоции ниту приближно не можат да опишат како таа моментално се чувствува. Актерката е избрана за домаќинка на доделувањето на европските музички награди на MTV во Мадрид, а Џастин Бибер ќе го води преносот на интернет.


Ева била толку возбудена што ја ангажирала Викторија Бекам да и дизајнира неколку комбинации за облекување кои ќе ги менува за време на церемонијата. Вели дека за дизајнер ја избрала Викторија бидејќи фустаните кои ги дизајнира таа се прекрасни и совршено и прилегаат, а исто така се изработени од најквалитетни материјали.