Ева Лонгорија, според списанието “People”, во последно време често може да се забележи во друштво на Едуардо Круз, помладиот брат на актерката Пенелопе Круз. Еден таблоид исто така тврди дека Круз често ја посетува актерката која неодамна се разведе од кошаркарот Тони Паркер. Непознат извор, кој тврди дека ги видел додека уживале во еден фламенго настап, изјавил дека сјајно се забавувале заедно и се држеле за рака цело време додека траел настапот.


Ева два дена подоцна се вратила на снимањето на серијата „Очајни домаќинки“, а очевидци тврдат дека изгледала многу посреќно и поконцентрирано на снимањето. Актерката и Круз, кој има 25 години, неодамна биле забелажани како заедно го напуштаат нејзиниот ресторан Бесо, а гласините дека актерката е во врска со десет години помладото момче се се погласни.