Ѕвездата на „Очајни домаќинки“ паднала на шармот на актерот Вилмер Валдерама, познат по улогата на Фез во серијата “Весели осумдесетти“, пренеле американските медиуми. Новопечениот пар разменувал нежности во театарот во Лос Анџелес.
Само неколку дена откако раскинала со рагби играчот Марк Санчез, Ева Лонгорија веќе имала ново момче. Тие двајца гледале претстава во театарот во Лос Анџелес, а според зборовите на очевидци постојано се држеле за рака и разменувале нежност.