Актерката Ева Лонгорија ги троши последните сончеви денови на својот одмор во Мексико во друштво на пријателката Робин Антин. Ева се упати во сончевото Мексико со својата пријателка Робин, а колку им годи заедничкио одмор познатите дами веднаш им покажале на своите следбеници на социјалните мрежи.

 

Ева и Робин се фотографирале додека весело потскокнувале на плажа, а симпатичната фотографила обете ја поставиле на своите Инстаграм профили. Инаку, Робин Антин е позната американска танчерка и кореограф, а најпозната е како творец на ултра популарната бурлеску танчерска група “Pussycat Dolls”, од која дополнително е направена истоимената група.