Ѕвездата на серијата „Очајни домаќинки“ ја раскинала својата врска со Едуардо Круз, а пред тоа била во брак со кошаркарот Тони Паркер. Ева за списанието “People” рекла дека е сеуште црна овца кога во прашање е љубовта.
Таа изјавила дека сеуште не ја пронашла вистинската филозофија во љубовта, но и понатаму била безнадежно романтична. Таа и Круз биле во врска повеќе од година дена, а раскинале минатиот месец. Сепак, и по раскинувањето продолжиле да се дружат, а минатиот викенд биле видени заедно во Лос Анџелес.