Ева Лонгорија објави дека се вери за своето момче Хосе Антонио Бастон. Ѕвездата на серијата „Очајни домаќинки“ на Инстаграм откри дека Хосе ја запроси за време на одморот во Дубаи, и го покажа прекрасниот прстен со рубин. Парот беше во посета на Дубаи како би присусвувале на гала вечера на филмски фестивал, а за таа прилика Ева, најавувајќи свадба, облече елегантен бел фустан.

 

Веста дека повторо ќе стапне на лудиот камен ги изненади нејзините фанови, со оглед на тоа што актерката неодамна изјави дека нема шанси повторно да застане пред олтарот. Рече дека брак и деца не и се во план. Ева во 2011 година се разведе од кошаркарот Тони Паркер, после четири години брак, а претходно беше омажена за актерот Кристофер Тајлер во 2002 година, за две години подоцна да се разведе. Со Хосе почна да се забавува во 2013 година. Тој е директор и претседател на “Телевиса“, најголемата медиумска куќа во Јужна Америка.