Актерката Ева Лонгорија одлучила да се испроба во политиката. Како што пренесува “Female First”, таа планира да се кандидира за градоначалник на Сан Антонио. Извор близок на актерката рекол дека сакала да започне со мали работи. Ќе се кандидира за градоначалник на Сан Антонио, а во следните две години сака место во сенатот.
Ѕвездата на „Очајни домаќинки“ барала совет од својот колега и добар пријател Џорџ Клуни. Изворото рекол дека Џорџ и објаснил како треба да се однесува доколку сака политичкиот свет да ја свати сосем сериозно.