Ева Лонгорија одлучила дека ќе посвои дете од Хаити. Силно сака да биде мајка. Сакала да посвои дете со Тони Паркер, но сега ќе биде самохрана мајка. По темниот период во својот живот, многу е возбудена поради посвоујувањето.


Моментално се наоѓа на сред развод со кошаркарот Тони Паркер. Актерката се одлучила за развод откако во мобилниот на сопругот пронашла пораки кои Тони им ги испраќал на своите пријателки. Освен тоа го обвинила и за две други афери. Ева сега ќе го следи примерот на Сандра Булок и разводот нема да и ги поремети плановите за посвојување.