Додека медиумите нагаѓаат кој ќе го освои срцето на згодната Ева Лонгорија, таа изгледа веќе пронашла нова љубов. По се изгледа „очајната домаќинка“ не е толку очајна, а по врската со братот на Пенелопе Круз, Едуардо, сега има и нова љубов. Списанието „Пипл“ пишува дека е во врска со богат претприемач од Мексико чие име сеуште не било соопштено.

Извор близок на актерката открил дека е многу среќна, а тој бил луд по неа. Иако неодамна признала дека повеќе не сака да стапува во брак по два пропаднати бракови, Ева сепак посакува семејство и деца. Таа рекла дека не е една од оние жени кои мораат по секоја цена да имаат деца. Вели дека децата се производ на љубовта, па затоа доколку најде вистинска личност со која сака да заснова семејство, така и ќе биде. Но, доколку наполни 50 и остане сама, најверојатно нема да има деца.