Глумеше мајка на телевизија, а дел од своето слободно време го посвети на хуманитарни здруженија за деца и нивна помош. Но без оглед на се, Ева Лонгорија нема во план да има свои деца. Актерката која не сакала да влегува во детали рекла дека сигурно во иднина нема да стане мајка. Веројатно станува збор за премногу професионални обврски.

Ева глуми, продуцира, води ресторан и учествува во разни други проекти. Во средата присуствувала на доделувањето на „Women In Film’s Lucy + Crystal Awards“, каде била наградена за својата хуманитарна работа. Актерката која зад себе има два бракови рекла дека ја сака детската енергија. Со актерот Тајлер Кристофер била во брак од 2002 до 2004 година, а со кошаркарот Тони Паркер од 2007 до 2010 година. Однеодамна е во врска со мексиканскиот бизнисмен Хосе Антонио Бастон.