Актерката  Ева Лонгорија повторно е во врска со Едуардо Круз, братот на Пенелопе и Моника Круз. Иако минатата година ја прекинале врската, бидејќи младиот пејач не можел да го издржи медиумското внимание кое неговата девојка го носела со себе, сега сепак го променил мислењето.

Биле фотографирани додека излегувале од куќата на Ева во Лос Анџелес, што било повод за шпекулациите дека актерката и пејачот повторно се заедно. Парот ниту ја потврдил ниту ја демантирал оваа вест.