Ева Лонгорија повторно е слободна, откако после само два месеци забавување го оставила рагби играчот Марк Санчез. Лонгорија и 12 години помладиот спортист во врска биле само два месеци, а дека се разделиле потврдил самиот спортист.
Во изјава за медиумите неговиот портпарол рекол дека Марк и Ева се обожаваат, но до разделувањето дошло поради тоа што не можеле да ги усогласат своите професионални обврски.