Најпознатата „Очајна домаќинка“ Ева Лонгорија повторно раскинала со Едуардо Круз. Иако минатата седмица биле снимени во страствена прегратка во Шпанија, Ева и Едуардо сватиле дека сепак не се еден за друг.

Актерката ја прекината врската со братот на актерката Пенелопе Круз. По несогласувањата кои ги имале неодамна, парот се смирил, но судејќи според се, на нивната романса и дошол крајот. Наводно повеќе не се заедно, но ќе останат пријатели и не се скарале. Ева и Едуардо врската ја започнале минатата година, само неколку месеци откако актерката се развела од кошаркарот Тони Паркер.