Ева Жаклин Лонгорија е славна американска актерка која светска слава стекна како Габриела Солис во серијата „Очајни домаќинки“. Таа денес полни 40 години, а многумина ја сметаат за најубава жена на светот. Многу пати се стекнала со титулата најубава жена на светот, а баш како и Габи во серијата, Ева и во вистинскиот живот е жена со став, тврдат холивудските кругови.
Славната латино дива со заводливи облини, иако на прагот од петтата деценија, и понатаму е предмет на фантазија на мажите ширум светот. Некои ја обожаваат поради совршеното тело, други поради неодоливиот шарм, а трети поради тоа што е една од холивудските дами без влакна на јазикот. Ева била омажена за актерот Тајлер Кристофер четири години, а неколку години била во брак и со францускиот кошаркар Тони Паркер.