Ева Лонгорија за време на гостувањето во последната епизода на шоуто кај пријателот Џорџ Лопез, рекла дека кога се запознале двајцата биле вработени и во брак, а сега обајцата биле разведени и без работа. Одлично расположената актерка во шоуто, кое се укинува после две години емитување поради слабата гледаност, се појавила во црно кратко фустанче.


Ева останала без работа бидејќи телевизиската мрежа ABC одлулчила да ја укине серијата „Очајни домаќинки“ по осмата сезона од нејзиното емитување. Актерките очекувале барем уште една сезона од серијата која имала околу 120 милиони гледачи во светот и се емитувала во 68 земји ширум светот.