Актерката Ева Лонгорија позната по улогата во серијата „Очајни домаќинки“ наскоро ќе го лансира својот втор парфем „EVAmour“, пренеле американските медиуми. Акерката пред две години го лансирала својот прв парфем „Eva“. Претставувајќи го новиот мирис, Лонгорија рекла дека на него ја искористила можноста да експериментира со различни мирисни ноти.
Таа објаснила дека овој парфем имал повеќе слоеви со мирисни ноти на јаболко и црвена рибизла. Првиот парфем бил поедноставен. Рекла дека сега жените ќе имаат можност да имаат различно парфеми за различно расположение. Според неа, доколку се чувствуваат заводливо ќе го користат парфемот „EVAmour“, а доколку работат со други луѓе во канцеларија, повеќе би одговарал парфемот „Eva“.