Фудбалерот Дејвид Бекам и неговата сопруга Викторија наводно ја поканиле ѕвездата на „Очајни домаќинки“ Ева Лонгорија да биде кума на нивното неродено дете. Викторија наводно породувањето го закажала за 4 јули, а Лонгорија ја избрале откако се откажале од идејата кумови да им бидат готвачот Ремзи или манекенката Хајди Клум и нејзиниот сопруг, пејачот Сил.


Сер Елтон Џон и Лиз Харли се кумови на нивните синови Бруклин и Ромео. Лонгорија неодамна ја опишала Викторија како добра пријателка и за неа рекла дека е многу лојална, многу забавна и дека сите ја сакаат. Сеуште не е познато дали ја прифатила поканата да биде кума.