Малата Харпер Бекам добила кума каква што мнногумина посакуваат. Ќерката на Викторија и Дејвид Бекам ќе биде крстена од ѕвездата на хит серијата „Очајни домаќинки“, Ева Лонгорија. Викторија ја запрашала својата долгогодишна пријателка дали сака да и ја крсти ќерката, на што Ева била пресреќна.

Изјавила дека била воодушевена од понудата и додала дека малата Харпер е неодолива. Девојчето ќе биде крстено во Велика Британија, а Дејвид и Викторија тоа го сметаат за голем настан кој ќе биде идеален повод да направат голема гала забава.