Актерката Ева Лонгорија е принудена да одмара овие денови, бидејќи на повредила ногата за време на снимањето на последната сезона од серијата „Очајни домаќинки“. Популарната актерка својата несреќа ја поделила со фановите на Твитер, поставувајќи фотографија на која седи со подигната нога на која има завој со мраз.

Инцидентот се случил за време на снимањето во студиото во Лос Анџелес. Ева ја повредила десната нога додека изведувала мал танц на сцената. Актерката во последно време нема среќа. Неодамна раскинала со Едуардо Круз, братот на Пенелопе Круз, со кој била во едногодишна љубовна врска.