Актерката Ева Лонгорија во петокот заедно со многу други славни актери прошетала по црвениот тепих на 66 филмски фестивал во Кан. Ева дошла на проекцијата на филмот ‘The Past’ во долг тесен фустан кој се влечел по подот, па колегите и помагале додека се качувала по скалилата.
ОСвен што изгледала прекрасно, Ева внимането на фотографите го привлекла и тетоважата на крст на грбот, над задникот, која била откриена од длабокиот отвор на задниот дел од фустанот. Да потсетиме, фестивалот во Кан започнал на 15 мај и ќе трае се до 26 мај, а во жирито оваа година седи големиот режисер Стивен Спилберг.