Актерката Ева Лонгорија, која неодамна се разведе од кошаркарот Тони Паркер, одлучила да ја отстрани тетоважата, римските броеви кои таа и Тони ги направиле по венчавката. Додека звездата на серијата „Очајни домаќинки“ излегувала од ресторанот „Бесо“, папараците ја фотографирале со лузна на местото на тетоважата.
Имено, на својата лева рака, Ева по венчавката направила тетоважа на која со римски броеви бил напишана датумот на нивната венчавка. Освен оваа, Ева има уште една тетоважа, а тоа е зборот „Девет“ кој го претставува бројот на дресот на нејзиниот поранешен сопруг.