Ева Лонгорија доживеала сообраќајна несреќа кога еден невнимателен возач нагло свртел и удрил во нејзиниот автомобил. Актерката во сообраќајната несреќа не се здобила со сериозни повреди.
Полицискиот портпарол рекол дека Ева управувала со автомобилот и дека во еден момент пред неа се појавил автомобил со кој се судрила. Таа и другиот возач се здобиле со лесни повреди, но никој не завршил во болница.