По неодамнешното прекинување на 16-месечната врска со пејачот Едуардо Круз, помладиот брат на актерката Пенелопе Круз, Ева Лонгорија наводно започнала врска со рагби играчот Марк санчез. Според американските медиуми, таа во последно време многу често била во негово друштво.

Парот неодамна бил виден во заеднички шопинг во една продавница недалеку од Бедминстер во Њу Џерси, каде спортистот живее. Еден ден подоцна биле видени на вечера, а актерката на главата носела руса перика како би ги избегнала фотографите. На јавноста и е позната врската на Санчез со манекенката Кејт Аптон, додека Ева Лонгорија зад себе има два пропаднати бракови.