Можеби се во сред разводна парница, но Ева Лонгорија и Тони Паркер сепак се во пријателски односи. Поранешниот пар во средата заедно ручал во хотел во Лос Анџелес. Но тоа не изгледало како помирување на очајната домаќинка и кошаркарот. Според зборовите на еден доушник за медиумите, се состанале за да дискутираат за деталите на разводот.
Изворот додал дека тие остануваат пријатели и дека се во добри односи. Ева на 17 ноември поднела барање за развод од Паркер поради неговите неверства. Неколку дена подоцна и Тони го сторил истото. И покрај крајот на нивната врска, актерката и нејзиниот сопруг тврделе дека ќе се разделат во пријателски односи.