Актерката Ева Лонгорија го прославила својот 36 роденден со журка за 40 ВИП гости на која бил и Едуардо Круз, нејзиното ново момче. Звездата на серијата „Очајни домаќинки“ организирала приватна прослава на која присуствувале и Ким Кардашиан, Хајди Клум, сестрата на нејзиното момче Пенелопе Круз со сопругот Хавиер Бардем и многу други славни личности.
Наредниот ден, по забавата, Ева и момчето се упатиле за Дизниленд. Тие биле забележани како купуваат детски сувенири, а Едуардо се покажал како вистински џентлмен носејќи ги сите кеси. Ева на својот Твитер профил за викендов најавила дека славењето ќе го продолжи во Лас Вегас.