Американската актерка Ева Лонгорија присуствувала на настанот „Глобал Гифт Гала“ кој се одржува во рамките на Канскиот фестивал, а во таа прилика никого не оставила рамнодушен. Иако Ева не игра ниту во еден филм кој ќе се прикаже на канскиот фестивал, актерката сепак се потруди нејзиното доаѓање да го зебележат сите.
Таа избрала металик сив долг фустан со големо деколте за црвениот тепих на хуманитарниот настан. Ева Лонгорија била домаќинка на овој настан во 2013 година, а на Азурниот брег пристигнала во својство на амбасадор на една козметичка куќа.