Откако го прославила својот роденден во Лос Анџелес, поранешната сопруга на Тони Паркер, Ева Лонгорија, изјавила дека се во нејзиниот живот е совршено. Звездата на серијата „Очајни домаќинки“ е се само не очајна, а тоа го изјавила наредниот ден по роденденот, кој продолжила да го слави во Лас Вегас со своето ново момче Едуардо Круз.
Иако во медиумите се појавувале наслови дека Ева пати по својот поранешен сопруг, кошаркарот Тони Паркер, и дека младиот Едуардо Круз, братот на актерката Пенелопе Круз, и е само рамо за плачење, популарната актерка изјавила дека не се кае за ништо и дека нејзиниот живот е совршен.