Актерката Ева Лонгорија признала дека е среќна што е сама. Ѕвездата на серијата „Очајни домаќинки“ се разведе од вториот сопруг Тони Паркер во 2010 година после три години брак. Таа потоа една година се забавувала со братот на актерката Пенелопе Круз, Едуардо Круз.


За списането “Hello” рекла дека е среќна што моментално е сама, и дека има многу исполнет живот. Изјавила дека нејзините пријатели се секогаш тука за неа, додавајќи дека се познаваат 20 години и дека со нив сеуште се гледа секој ден, бидејќи и тие живееле со неа во Лос Анџелес. Нејзиното шоу “Ready for Love” неодамна било откажано по само две емитувани епизоди.