Ева Лонгорија неодамна открила дека е цврсто решена еден ден да режира долгометражен филм. Очајната домаќинка веќе се испробала во режијата кога го работела краткиот филм “A proper Send Off”, кој минатиот викенд бил прикажан на фестивалот “Glamour Reel Moments” во Холивуд.
Тогаш открила дека воодушевена од режирањето, и дека планира еден дена сама да режира и долгометражен филм. Таа истакнала дека режијата дефинитивно дава поголема контрола врз финалниот производ, додека како актери само се појавувате, изгледате убаво и го изговарате вашиот текст.